Израелските сили убија Палестинка (ВИДЕО)

од Берта Китинска
409 прегледи

Израелски трупи пукаа денеска врз Палестинка, која, како што тврдат, се обиде да влезе со автомобил и да ги удри војници на окупираниот Западен брег, а потоа мавташе со нож, објави израелската армија.

Се наведува дека Палестинката „се обидел да избоде голем број израелски војници во близина на палестинското село Хизма“, северо-источно од Ерусалим, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Палестинското Министерство за здравство објави дека станува збор за жена која починала од повредите.

Медиумите ја идентификуваа како Маи Афанах, 29-годишна студентка по медицина од Абу Дис. Наводно била застрелана и оставена да крвари на самото место, а палестинските медиуми тврдат дека немало брза помош.

Слични содржини