Израелските воздушни сили го срамнија со земја виталниот пат во Појасот Газа

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Израелското воено воздухопловство изврши ракетни напади врз голем број згради и витални патишта во појасот Газа во раните утрински часови.

Фотографиите објавени од жители и новинари во Газа покажуваат дека по бомбардирањето, останал кратер кој пресекол еден од главните патишта кон Шифа, најголемата болница во појасот Газа, објави АП.

Најмалку две лица загинаа, а 25 се повредени, вклучувајќи жени и деца, во израелските напади на седмиот ден од конфликтот меѓу Израел и Хамас, потврди Министерството за здравство на палестинските власти.

Претходно, ракети истрелани од Појасот Газа и шрапнели од ракети отфрлени од противвоздушниот систем „Железна купола“ минатата ноќ погодија неколку градови во јужен и централен Израел, вклучувајќи ги Ашдод, Ган Јавн и Ришон Лезион, пренесе „Times of Israel“.

Израелската национална служба за итни случаи Маген Давид Адом објави дека 10 лица биле повредени во нападите додека бегале во засолништата.

Палестинската организација Хамас ја презеде одговорноста за нападите.

За време на неколку рафални ракети во израелските градови се огласија алармни сирени.

Жителите на јужниот дел на Израел изјавија дека виделе десетици ракети исфрлени од Појасот Газа.

Слични содржини