Израелското МО формира директорат за да им овозможи на Палестинците да ја напуштат Газа

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Израелското Министерство за одбрана денеска соопшти дека кабинетот за безбедност го одобрил предлогот на министерот за одбрана Израел Кац за формирање на нов директорат во рамките на министерството, чија задача ќе биде да им овозможи на Палестинците „доброволно“ да го напуштат Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека новата дирекција ќе работи на „подготвување и олеснување на безбедниот и контролиран премин на жителите на Газа за нивно доброволно заминување во трети земји“, вклучително и обезбедување на нивното движење, воспоставување рути за движење, проверка на пешаците на назначените премини во Појасот Газа и координирање на обезбедувањето инфраструктура што ќе овозможи премин до земјите пријавени, The Times of Israel.

Како што е наведено, првиот човек на дирекцијата наскоро ќе го избере Кац.

Слични содржини