Израл најавува жесток одговор доколку Хезболах повреди или убие цивили

од Nikola Popovski
39 прегледи

Израел им пренесе на САД дека доколку Хезболах повреди или убие цивили како одмазда за атентатот на нивниот командант, одговорот од израелските вооружени сили ќе биде жесток, соопштиле денеска две израелски официјални лица.

Тамошните официјални лица велат дека нивната земја не сака сеопфатна војна со Хезболах во Либан, но сега се обидуваат да дефинираат што ќе ги принуди властите да го прошират конфликтот, ризикувајќи војна, пренесува „Axios“.

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах, во говорот пред два дена изјави дека неговата организација ќе му се одмазди на Израел за убиството на командантот Фуад Шукр, а Иран ќе го стори истото за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран.

Слични содржини