106
Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во Делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница.
Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.
-Логично ваквата појава е од рибокрадци кои фрлаат динамит, кај Биглата нема од што друго да биде, истакна Симоновски.
Спортското риболовно друштво и здруженија на граѓани за утре најавија прес – конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот.