Извадено безживотно тело од водите на Вардар

од Nikola Popovski
286 прегледи

Полицијата информира дека во понеделникот во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон с.Уланци, било пронајдено човечко тело

-Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопштија од МВР.

Слични содржини