Шефот на тимот на Обединетите нации кој ги истражува злосторствата во Ирак, Карим Кан, рече дека се пронајдени „јасни и убедливи докази“ дека екстремистите од Исламската држава извршиле геноцид врз припадниците на заедницата Јазиди во Ирак во 2014 година. Тој исто така тврди дека постојат докази дека Исламската држава успешно развила хемиско оружје.
Во 2017 година, Советот за безбедност го поддржа предлогот да се формира тим истражители кои ќе му помогнат на Ирак да обезбеди докази и да утврди можна одговорност за злосторствата на екстремистите од Исламската држава.
Во неговиот шести извештај од тогаш, Кан рече дека се пронајдени убедливи докази дека екстремистите од Исламска држава извршиле геноцид, со намера „физички и биолошки да ги уништат Јазидите“ и дека злосторствата ќе продолжат, а илјадници жени и деца ќе бидат одделени од нивните семејства.
Јазидите се припадници на курдската заедница кои живеат во северен Ирак и Сирија.
Припадниците на Исламската држава својата религија ја сметаат за еретичка. Стотици членови на таа заедница побегнаа во Турција во 2014 година, кога екстремистите од Исламската држава започнаа да го окупираат северен Ирак.