„Извинете што сум облечен вака“: Вучиќ најави милион вакцини

од Nikola Popovski
189 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм објави дека ќе земјата ќе добие уште милион вакцини до крајот на февруари и март.

„Одлична вест за Србија. Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март. Да живее Србија! “, напиша Вучиќ на својот профил. Во оваа прилика, тој се извини што е „вака облечен“, бидејќи се обратил облечен во тренерка.

„Зошто немав трпение да се облечам свечено и да ви се обратам? Бидејќи сум крајно возбуден, денес можам да ви кажам дека,  не се повикувам на договорот, не зборувам за договорот, зборувам за вистински вакцини. Добив цврсто ветување и да живее Србија“, рече Вучиќ.

Слични содржини