Извлечен џекпот вреден повеќе од МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Добитното ливче на џекпот на лотаријата „Мега Милионс“, вреден 1,05 милијарди долари, што е трета највисока добивка во историјата на американската лотарија, беше продаден во супермаркет во предградието на Детроит, соопштија денеска организаторите.

Во соопштението на „Мега Милионс“ се наведува дека сопственикот на ливчето, кој чинел два долари, сè уште не стапил во контакт со лотаријата.

Ливчето е купено во супермаркет во Мичиген.

Џекпотот добил на износ во изминатите четири месеци, бидејќи немало добитник во 36 извлекувања.

Најголемата добивка досега била 1,586 милијарди долари во јануари 2016 година.

Слични содржини