Утринава околу 10 часот од водите на Вардар, меѓу гостиварските села Форино и Чегране извлечено е безживотното тело на 20-годишно момче кое вчера беше пријавено во МВР дека било забележано во реката. На местото каде што е пронајдено телото увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Телото е предадено на обдукција и се чека да се утврди дали имало некакви траги на насилство.
СВР-Тетово информираше дека неофицијално се работи за Ј.М., а првично не биле забележани траги на насилство.