267
Тело на детето е извлечено од Егејското Море, две недели по несреќите што се случија во тој реон, а во кои учествуваа бродови со мигранти.
Телото е пронајдено во близина на островот Наксос, а властите доцна синоќа процениле дека жртвата е висока 85 сантиметри, на околу три години, пренесе АП.
Телото ќе биде пренесено во Пиреја за вештачење. Во четвртокот беа пронајдени уште четири тела – маж, жена и две девојчиња, три во близина на Наксос и едно во близина на островот Парос.