Извлечено уште едно тело од урнатата зграда во Мајами

од Nikola Popovski
267 прегледи

Бројот на загинати при уривање на 12-катна зграда во американската држава Флорида денес се зголеми на 79, додека 61 лице се уште се води како исчезнато.

Дел од зградата во Сурфајд, во близина на Мајами, се сруши пред 16 дена, а спасувачите сè уште трагаат по жртвите под урнатините.

Напорите на спасувачите сега се насочени кон пронаоѓање на телата, а не на преживеаните. Ветија дека ќе продолжат да работат сè додека целосно не го расчистат теренот.

Властите во средата објавија дека повеќе не бараат преживеани, откако заклучија дека „повеќе нема шанси за живот“ под урнатините. Откако поминаа првите неколку часа од уривањето на зградата на 24 јуни, никој не беше пронајден жив во урнатините.

Меѓу мртвите е и сестрата на првата дама на Парагвај. Во времето на рушењето на дел од зградата, имало повеќе граѓани на земјите од Латинска Америка.

Официјални лица од Флорида ветија финансиска помош на семејствата на жртвите и жителите на зградата кои го изгубија целиот свој имот.

Властите отворија темелна истрага за уривање на дел од зградата. Според извештајот од 2018 година, зградата имала „големи структурни оштетувања“ што требало темелно да се санираат.

Слични содржини