Извозот зголемен за 3.8 %, а извозот помал за 7.0 % во периодот јануари-јули 2023

од Radmila Tasevska
276 прегледи

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 4 947 787 илјади евра и бележи пораст од 3.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 434 993 илјади евра, што е за 7.0 % помалку од лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 1 487 206 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 76. 9 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – јули 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Слични содржини