535
Извршена е обдукција на телото на пејачот Џеј Рамадановски, кој почина вчера во неговиот стан во населбата Дорчол, во Белград на 56-годишна возраст, пишуваат српските медиуми.
Иако е утврдено дека Џеј починал од природна смрт, судски експерт побарал обдукција, чии резултати се очекуваат.
Оваа информација потврдил најдобриот пријател на Џеј, клавијатуристот Зоран Јагодиќ Руле и додал дека датумот на погребот ќе биде познат по резултатите од обдукцијата.
Според официјалните информации, пејачот починал во сон, откако срцето наеднаш му застанало.