Audi се откажа од идејата за прекин на производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2033 година и ќе остане флексибилен во догледна иднина бидејќи внимателно ги следи условите на пазарот. Очекувано, нели?
Следејќи ги импулсите на пазарот, речиси секој од нас можеше да им каже на раководителите на Audi пред да се усвои електричната стратегија дека нема да оди добро. Последниот нов Audi со мотор со внатрешно согорување требаше да дебитира во 2026 година, но тоа веќе не е случај. Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер, откри дека компанијата одлучила да го продолжи производството на бензински, дизел и хибридни автомобили. Тој се брани дека претходниот менаџмент бил одговорен за претходната стратегија.
„Audi лансира целосно нова линија возила со мотори со внатрешно согорување и plug-in хибридни мотори од 2024 до 2026 година, а тоа ни дава целосна флексибилност за најмалку уште седум, осум, можеби 10 години, и (едвај) тогаш ќе видиме како ќе се развиваат нашите пазари“, изјави Долнер за Autocar во ново интервју.
Одлуката за проширување на производството на мотори со внатрешно согорување ги вклучува идните RS модели од Audi Sport, како што е следната генерација RS6, за која се очекува да има plug-in хибриден систем. Кога беше прашан за новиот R8 или TT, Долнер одговори дека Audi размислува за сè…
Епа, времињата се менуваат.