По доброто претставување на евроскептичната партија во Финска (втора со 17%) веројатно би звучело не на место, но се чини триумфот на десничарските движења во Европа го достигна својот врв. А по него следува пад, коментира агенцијата Reuters.
Единствено во Грција економските проблеми доведоа до победата на екстремна СИРИЗА во јануари оваа година, но нивната популарност брзо се намалува. Според анкетите радикалните партии едвај ќе дојдат на власт во која и да е друга земја на ЕУ.
Десничарските движења веќе забележаа еден вид победа, како нанесоа пораз над традиционалните партии, особено за теми како имиграција, интеграција и спасувачки програми за подјармени држави. Започнатото економско заздравување, опаѓа стапката на невработеност во голем број држави, поевтини гориво и ниски камати би требало да помогнат на основните десно- и левоцентристички партии да си ги вратат дел од загубената поддршка.
Многу врева, спорни резултати
Во Велика Британија Партијата на независноста на Обединетото Кралство (UKIP) триумфираше на минатогодишните избори за Европскиот парламент, но сега се соочува со немилосрдни тешки искушенија на предизборната трка. UKIP најверојатно ќе освои 14% од гласовите на Британците, но во најдобар случај ќе добие неколку пратенички места.
Во Франција, пак, популистите изгледа го погодија таванот. “Гласачите имаат тенденција да гласаат протестно на секундарните избори, каде влогот е помал”, вели Кристијан Локе од Sciences-Po во Париз.
Во Шпанија новата левичарска партија Podemos води според популарноста во однос на традиционалните партии, но финишира како трета на клучните регионални избори во Андалузија минатиот месец. Со неа веќе се изедначува по популарност умерената и уште нова партија Ciudadanos.
Најтешкиот избор
Бидејќи со исклучок на Грција популистите нема како да ја добијат власта, тие се соочуваат со избор. Или да се вклучат во коалициска управување и да ги ублажат своите барања, што би им чинело дел од поддршката, или да останат во опозиција.
“За овој вид партии најверојатно ќе е подобро да се надвор од власта, обидувајќи да влијаат”, вели Тим Хотон, експерт за европски политики во Бирмингамскиот универзитет. Јанис Емануилидис, директор “Истражување” во Центарот за европска политика во Брисел, смета дека популистите сепак имаат уште потенцијал за развој. “Евентуален банкрот на Грција дефинитивно би ја променил играта во голем број држави. Популистите сигурно ќе речат” Ви рековме “, објаснува Емануилидис. Од друга страна, ако Грција банкротира, европските гласачи ќе се замислат пред да гласаат за партии како СИРИЗА, коментира Reuters .
Трагедиите со стотиците удавени мигранти во Средоземното Море, пак, ќе дадат повод на десните популисти да ја поларизираат дебатата за миграцијата и да ја насочат кон дискусии за солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ, при донесувањето на бегалци. Евентуалните напади во Европа од типот на атентатот над “Шарл ебдо” исто така би се претвориле во катализатор на крајно-десничарската реторика.
Дури и пред кризата од 2008 година традиционалните десно- и левоцентристички партии губеа гласачи и членови, бидејќи класната припадност избледе во ерата на индивидуализмот, отворајќи пат на движења, почнувајќи од социјалните мрежи. Сè повеќе фрагментирани политички спектри го отежни формирањето на стабилно парламентарно мнозинство, забележува Reuters. Но историјата покажува дека ново родени популисти “ќе изгорат” брзо, ако влезат во власта како коалициски партнер, без да можат да ја трансформираат својата политика, потсетува агенцијата.
