412
Тајлен Блондо пред 10 години беше прогласена за најубаво девојче во светот. Но, оваа млада девојка гордо може да ја понесе истата титула и денес, кога има 18 години.
Токму нејзината убавина ѝ носи многу професионални ангажмани, а на Модната недела во Париз таа носеше модел на Миу Миу. Тајлен повторно се враќа во фокусот на модниот свет и медиумите со својот беспрекорен изглед.
Многумина се согласуваат дека и денеска изгледа дури и уште поубаво отколку кога беше мало девојче и ѝ предвидуват блескава кариера.