280
Пејачката Северина деновиве ужива во Рим, од каде со широка насмевка на лицето и во импресивна модна комбинација се огласи на Инстаграм.
„La vita e bella…“, напиша пејачката во описот на објавата каде е прикажана како позира во угледниот јапонски ресторан Зума.
Судејќи според претходните објави, таа беше таму со ПР-агентот и долгогодишен пријател Давор Гргин.
Северина за оваа пригода носеше тренди широки панталони со висок струк и вешто ги искомбинирала со бел кроп топ со кој ја истакнала својата витка фигура. Таа комплетираше сè со беж капут и успешно создаде стајлинг кој е и лежерен и елегантен.