Актерот Бранислав Лечиќ, кој e во центарот на скандалот последниве денови, има два брака зад себе. Првиот пат се оженил со Ивана, кој беше 18 години помлада од него. Неговата втора сопруга беше добро познатата водителка Нина Радуловиќ, а разликата во годините меѓу оваа некогаш брачна двојка е 30 години.
Двојката се разведе по шест години брак, додека за причините за разводот досега само се шпекулираше. Според „Курир“, причината зошто Лечиќ и Нина се развеле е неговото неверство.
Во тоа време, Радуловиќ наводно добивала информации дека актерот ја изневерувал со помлади колешки, но и со позната старлета.
Според изворот на „Курир“, таа најпрво не обрнувала премногу внимание на тоа, но со текот на времето почнало да ѝ пречи што нејзиниот сопруг бил поврзан со помлади девојки, иако тие двајца во тоа време штотуку станале родители. На Нина и некои блиски пријатели наводно ѝ дале веродостојни информации дека Лечиќ ја изневерувал, па затоа двајцата неколку пати имале сериозни дискусии и конфликти. На крајот, тие одлучија да се разделат, и ја информираа јавноста дека се разведуваат затоа што се оддалечиле поради деловни обврски и меѓусебно отсуство од дома.
– Нека мисли кој што сака. Двајцата одлучивме да не зборуваме ништо повеќе за разводот. Дадовме изјава и мислам дека тоа е единственото што треба да се знае. Знаеме дека не чека хаос во медиумите, но решивме да не се огласуваме по тој повод повеќе. Знам дека ќе измислат неверства и разни глупости, но јас и Нина знаеме која е нашата вистина – рече тогаш Бранислав.
Атина Ферари, естрадна танчерка, пред неколку дена изјави дека била во врска со Бранислав Лечиќ пред шест години, односно додека тој бил во брак со Нина. Во 2016 година, таа објави нивна заедничка слика на Фејсбук, кога се појави скандал и хаос во семејството Лечиќ.
– Вистина е, јас бев со него додека тој беше оженет, и поради моето јавно признание, тогаш не бевме во добри односи, меѓутоа, сè се искристализира – рече Атина. Среде аферата, Радуловиќ не сакаше да зборува за љубовницата на нејзиниот сопруг.
„Воопшто не ме интересира дотичната госпоѓица“, рече тогаш Нина.