Ја критикуваше власта, па исчезна: Познатиот кинески милијардер, јавноста го нема видено два месеци

од Берта Китинска
506 прегледи

Кинескиот милијардер и основач на Алибаба, Џек Ма, не се појавуваше во јавноста повеќе од два месеци, па медиумите шпекулираат дека тој исчезнал.

Тој не се појави во последната епизода од неговата емисија „Африкански деловни херои“ во која беше еден од судиите.

Него го замени извршната директорка на Алибаба, Луси Пенг, а неговата слика е исто така отстранета од веб-страницата на шоуто.

Портпаролот на Алибаба рече дека Ма не бил во жирито „поради конфликт со распоредот“. Деловната империја на Ма, Ант Груп, е под лупа на Пекинг откако Ма одржа контраверзен говор во Шангај на 24 ноември, критикувајќи го кинескиот регулаторен систем за задушување на иновациите. Тој ги спореди глобалните банкарски правила со „клуб за стари лица“.

– Денешниот финансиски систем е наследство од индустриската ера. Треба да поставиме нова за следната генерација и за младите. Мора да го реформираме сегашниот систем – рече Ма во својот говор.

Нешто повеќе од една недела подоцна, првата јавна понуда на Ант (проценета на рекордни 37 милијарди американски долари), која веќе доби зелено светло од надзорниот орган на Кина, беше суспендирана.

Слични содржини