Ја нарекуваат “Мафија на градот”- нема играње со европски пари

од desk3
145 прегледи

Џиновска машина за пари – тоа е другото име на римската “Мафија на градот”. Десетици обвинети за кои се верува дека пренасочиле милиони од програмите за помош на бегалци и Роми, се од денес на обвинителна клупа.

0,,18829708_303,00

Во градските власти на Рим сите го знаат како “советник за законитоста”. Алфонсо Сабела ја извршува оваа функција само од пред неколку месеци. Но тоа време му било сосема доволно, за да стигне до следниов увид: “Рим е еден длабоко корумпиран град. Во тоа успеав да се убедам во последните неколку месеци, кои ги поминав во управата. Соочени со еден менаџерски апарат, кој е целосно надвор од контрола. Криминалот се шири целосно непречено, при тоа со години “, вели Сабела.

Оваа констатација едвај го изненадува некого. Помали или поголеми корупциски афери имало секогаш. Но сегашниот скандал, наречен од сите “Мафија на градот”, покажува сосема нови димензии на задкулисните интриги.

Машина за пари

Генерално чудо е дека судскиот процес започнува само 11 месеци по првите апсења. Медиумите веќе го оценија случајот како “мегапроцес” – поради големиот број обвинети (46 души) и планираните засега 136 судски рочишта. Процесот треба да заврши до летото 2016 година, но според многумина тој период е премногу оптимистички, со оглед на огромната по обем документација собрани во ова дело. “Мафијата на градот” доаѓа нешто како џиновска машина за правење пари.

Само еден пример: од прислушувани разговори на Салваторе Буци – претприемач и еден од водачите на криминалната група, инспекторите дознале дека секој месец тој префрла 5 илјади евра на корумпиран службеник во Градскиот совет на Рим. Благодарение на овие поткупи криминалната група развивала непречено активности кои нејзе и носеле годишен обрт од 40 милиони евра.

Мафија и политика

“Мафија на градот” остварила добивки од јавни набавки поврзани со сместувањето на мигранти, за услуги за отстранувањето на сметот, како и со одржувањето на зелени површини и улици. Сите активности к голтаат значителни државни средства и затоа се исклучително профитабилни – вклучувајќи и за луѓето кои примале дебело мито. “Имаш ли идеја колку пари може да се направи од имигрантите? Од дрога се заработува многу помалку”, вели Буци во еден од прислушуваните телефонски разговори.

Мафијашите имале свои луѓе во политиката и во администрацијата, а според обвинителството, “Мафијата на градот” е просперитетна по изборот на десниот популист Џани Алемано за градоначалник на Рим во 2008 година. “Рим е еден тешко болен град. И ни претстои многу, многу работа”, вели Франко Габриел, кој како шеф на италијанската “Граѓанска заштита” има долгогодишно искуство со мастеринг на кризи.
Во бункер
Од безбедносни причини обвинетите за случајот ќе сведочат само за видеоконференција, а по првите неколку седници случајот ќе продолжи во посебен бункер – како заштитна мерка против можни напади. Обвинителството не прави никакви илузии – на обвинителна клупа седи една професионална мафијашка организација. И иако римскиот клан да не е директно поврзан со јужноиталианската мафија, методите остануваат исти.