Кристина Хендрикс, ѕвездата на серијата „Mad Men“ гордо објави фотографија на која позира во долна облека.
Хендрикс, кој се прослави во споменатата серија, важи за една од најатрактивните актерки во Холивуд. Вниманието го привлекува со својот талент, но и со природниот изглед кој и го донесе епитетот „најдоброто деколте во Холивуд“.
Таа е една од ретките актерки која не е поборник за пластична хирургија, па нејзините облини се целосно „дар од Бога“.
Овој пат таа позираше во црна долна облека и гордо го покажа своето тело.
Фотографијата наиде на одобрување кај нејзините придружнички, кои истакнаа дека токму вака изгледа „вистинска жена“.
Инаку, Кристина неодамна наполни 46 години, а претходниот период не и беше лесен. Имено, таа по 22 години заеднички живот се разведе од Џефри Аренда со кој помина 10 години во брак.