Моника Белучи многумина ја сметаат за најубава жена на светот, а актерката неодамна проговори за стареењето како природен процес на живот и истакна дека не се плаши од тоа.
Во интервју за магазинот Sunday Times Style, актерката зборуваше за возраста, стареењето како неизбежен процес, како и за начинот на живот.
– Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин – изјави Моника Белучи.
Коментирајќи го својот изглед, актерката откри дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, дека сака вино и тестенини и дека повремено оди на пилатес. Таа посочи дека не била опседната со изгледот и дека секогаш била жена со облини.
– Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20. Тие ни даваат поинаква перспектива – објаснува актерката.
Зборувајќи за своето искуство како „Бонд девојка“, италијанската актерка спомна дека нејзиниот кастинг означил „голема промена“, додавајќи дека има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин.
– Кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно, но мораме да се справиме и со староста, бидејќи животот продолжува – изјави актерката.
Зборуваше и за ќерките, за односот со бившиот сопруг Винсент Касел, со кого се разведе во 2013 година, а оттогаш поранешната двојка заедно го пронашла ритамот на родителство.
– Долго време сме разделени, но во исто време кога сте родител, вие сте родители доживотно – изјави Моника Белучи.
Таа истакна дека е благодарна и среќна што како млада тинејџерка не почнала да работи во филмската индустрија, но и дека тоа е „работа на среќата“.