„Ја навредуваа мајка ми“: Навивач за малку ќе му удрепе шамар на Спалети (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фиорентина и Наполи ремизираа 0:0 во третото коло од италијанскиот шампионат, но натпреварот остана во сенка на инцидент

Лучано Спалети, тренерот на Наполи, многу се жалеше на четвртиот судија од почетокот на натпреварот, па доби жолт картон во 19. минута.

Успеа да се исконтролира, но кога се слушна последниот свиреж се приближи до трибините со навивачи во близина на клупата за резерви.

Спалети и човек од публиката се расправаа, а пластично шише го удри италијанскиот тренер.

Навивач дури се обиде да му удри шлаканица на Спалети, но во последен момент беше повлечен по расправијата која траеше неколку секунди. Снимен е и Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи како покажува со прст кон публиката.

„Дали ќе разговараме за тоа како навивачите на Фиорентина, кои беа зад нашата клупа, беа безобразни? Некои од нив навредуваа од почетокот до крајот на натпреварот. Нивните деца седеа до нив. Не можам да повторам што рекоа, неверојатно. Постојано ја навредуваа мајка ми. Мајка ми има 90 години, оставете ја на мира. Тие луѓе се професионални тролови“, изјави Спалети за ДАЗН.

Слични содржини