Еден од најпознатите славни парови, Викторија и Дејвид Бекам, заедно се повеќе од две децении, а долго време својот приватен живот го држеа далеку од очите на јавноста. Нивната врска започна тајно, а зад нив се бројни скандали, кризи, па дури и неверства. Но, еден на друг се си простиле, а се чини дека сега се посреќни од било кога.
Судејќи според се, нивната љубов е посилна од било кога, па Викторија во последно време се почесто се фали со идиличниот однос со сопругот. Имено, нивниот најстар син Бруклин, го прослави својот 21 роденден, па гордите родители му организирале забава за паметење. Тие потрошиле неколку илјади фунти за тоа, а гостите ги забавувал раперот Стормзи.
Сепак, се чини дека Викторија и Дејвид го украле целото внимание, и тоа со своите страсни допири на подиумот.
Бакнежи, прегратки и страсни танци не недостигале, а Викторија не криела дека е презадоволна со забавата.
„Танцување до шест наутро. Многу бакнежи и среќен 21 роденден, Бруклин. Многу те сакам!“, напишала Викторија, а интересно е тоа што на ниту една од трите фотографии го нема славеникот.