Ја прифати поканата на Бајден: Меркел ќе го посети Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел следната недела ќе го посети Вашингтон, каде ќе се состане со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Меркел ќе остане во Вашингтон од 14 до 16 јули, изјави портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт.

Таа патува за САД на покана од американскиот претседател Бајден, додаде тој.

Деталната програма на посетата е сè уште во фаза на планирање и ќе биде објавена накнадно.

Слични содржини