Дечко ја снимал 15 годишната девојка додека имале сексуален однос, и се заканувал со објава на видеото доколку му раскине

од Milan1
97 прегледи

– На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини