Ја споредуваат со Дајана и Грејс Кели: Принцезата од Монако си избричи дел од главата (фото)

од Nikola Popovski
553 прегледи

Принцезата Шарлиз од Монако потполно ги изненади и шокираше сите со својата нова фризура кога се појави на Божиќното дружење со децата од кнежевството Монако.

Сопругата на принцот Алберт покажа прилично драматична промена на фризурата за време на поделувањето на пакетчињата на децата. Наместо нејзината вообичаена уредна боб фризура, 42-годишната припадничка на Монегашката династија ја избричила едната страна од главата и предниот дел од главата над вратот.

Нејзиниот нов екстравагантен изглед го надополнила со светкава заштитна маска која одговарала на нејзината комбинација.

Претходно, истиот денот принцезата Шарлиз ја покрила косата со беретка, но секој што стоел близу до неа можел да види дека таа избричила дел од главата, изјавил еден гостин од настанот.

Грациозната монегашна принцеза, која многумина ја споредуваат со принцезата Дајана и Грејс Кели, позната е по својот елегантен стил. Со принцот Алберт ги иа близнаците Габриела и Жак, кои се родени во 2014 година.

Слични содржини