Вчера околу 10 часот во Скопје на крстосницата од улица„Христијан Тодоровски-Карпош“ и улица„Ферид Бајрам“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички управувано од 21- годишниот Е.А од Скопје удрило во пешакот 60- годишен С.Д од село Мирковци, по што возачот го напуштил местото на настанот.


С.Д. била пренесена во Ургентниот Центар-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана тешка телесна повреда (скршена карлица) и истата била задржана на лекување.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини