Ја заборавил лозинката вредна 220 милиони долари: Биткоинот му донесе богатство, но сега е во големи проблеми

од Берта Китинска
564 прегледи

Најпопуларната криптовалута доживеа драстичен раст на крајот на 2020 година, за многу бргу да достигне рекордна вредност од 40 000 УСД. Иако неговата вредност падна во изминатите неколку дена, сепак е на завидно ниво, а сега вреди повеќе од 34.000 УСД.

Овој уред му дава на корисникот шанса десет пати да ја погреши лозинката пред да ја криптира содржината засекогаш, што може прилично да му наштети на секој што ќе ја заборави лозинката, како што се случи со Томас кој ја изгуби пред неколку години кога остана без хартија на која му беше напишана,

Тој се обиде да го погоди кодот осум пати, но не беше успешен! Тоа значи дека му остануваат само две шанси пред да го изгуби своето богатство!

– Размислував која за тоа која ми беше лозинката.Откако ќе ми појавеше некое решение седнував на компјутер, но не вроди со плод и повторно бев очаен – истакна Томас.

Томас рече дека биткоинот го привлекува затоа што таа валута е надвор од контрола на која било земја или компанија. Тој доби 7.002 биткоини додека живееше во Швајцарија во 2011 година.

За да бидат работите поневеројатни, Њујорк Тајмс истакнува дека Томас не е единствениот со овој проблем и дека податоците на аналитичката компанија „Чеинанализа“ укажуваат дека се изгубени околу дваесет проценти од „минираните“ биткоини! Како што обично се случува, Интернетот имаше големи провали и тие му предложија на момчето да проба „123456“, како и бројни други лозинки.

Слични содржини