231
Полицијата во округот Санта Клара потврди дека осум лица биле убиени при пукање во Сан Хозе, како и дека напаѓачот бил убиен.Не е јасно дали напаѓачот извршил самоубиство или бил убиен од полицијата.Полицијата побара од локалното население да се држи понастрана одобласти додека истрагата е во тек.
– Можам да потврдам дека имаме осум жртви на нападот. Исто така, напаѓачот беше убиен – изјави Расел Дејвис, заменик-шерифот од округот Санта Клара.
Меѓу жртвите има и железничари. Инцидентот се случил во депото на железницата.
Лос Анџелес Тајмс пишува дека осомничениот ја запалил својата куќа пред да стигне до депото, каде отворил оган.
Се утврдуваат точните околности на нападот.