Ја живееме III-тата светска војна , а незнаеме ?- бегалците во светот се веќе повеќе отколку во II-та светска војна

од desk3
170 прегледи

Над 50 милиони се бегалците во овој момент, изјави високиот комесар на ОН за бегалци. Оваа бројка се зголемува со секој измината година, а во 2015-та за прв пат за последните 70 години се достигнува бројот на бегалците од времето на Втората светска војна.

VOJ

Според податоците од 2014 година, вкупниот број на бегалци во глобални рамки е еквивалентно на 46.3 милиони луѓе, а тоа се само официјално регистрирани како бегалци луѓе. За споредба, во 2013 година бегалците во светот биле со 3 400 000 лица помалку отколку во 2014-та.

Околу 23 000 луѓе дневно биле принудувани да го напуштат својот дом и да бараат заштита на друго место во 2012 година, се наведува во извештај на ОН од 2013 година Ова ги прави речиси осум и пол милиони луѓе, кои биле истерани од своето родно место само за една година.

Од каде луѓето бегаат најчесто?

На глобално ниво, од почетокот на 90-тите до 2014 година најмногу биле бегалците од Авганистан. Но, бројот на бегалците од Сирија се зголеми толку многу во последниве години што за прв пат по повеќе од 20 години бројот на оние од Авганистан, кој според последните податоци од средината на 2014 година е 2 700 000, беше задминат. Кон средината на 2014 година бројот на сириски бегалци е околу 3 милиони луѓе.

Третиот најголем извор на бегалци кон средината на 2014 година е Сомалија (околу 1 милион луѓе). Следат Судан (приближно 800 000 лица), Јужен Судан (околу 600 000 луѓе), Демократска Република Конго (околу 550 000 луѓе), Мјанмар (500 000), Ирак (400 000), Колумбија (400 000) и Централната африканска република ( 350 000).

Извори на податоците: Тhe United Nations Refugee Agency Statistics; 2014 United Nations Refugee Agency Report.