Jaguar F-Pace заминува во историјата во 2026 година

од Vladimir Zorba
485 прегледи

Јагуар ќе престане да го продава теренецот F-Pace на почетокот на 2026 година, потврди извршниот директор на JLR, Адријан Мадрел.

Оваа информација доаѓа откако Jaguar веќе ја прекина продажбата на нови автомобили во Велика Британија и ќе остане така до летото 2026 година, кога ќе пристигне целосно новиот електричен GT. Компанијата има намера да ја промени целата своја понуда.

„Ја анализиравме нашата понуда, а пет од шесте модели влегуваат во историјата на крајот на оваа година. Два се веќе во минатото“, објасни Мардел.

Моделот F-Pace ќе продолжи да се продава во некои земји во светот до почетокот на 2026 година, но во помали количини. Jaguar веќе го заврши производството на моделите XE, XF и F-Type во својата фабрика во Castle Bromwich ова лето, а E-Pace и I-Pace ќе престанат да излегуваат од производната лента во фабриката Magna Steyr во Австрија до крајот на оваа година.

Во Британија, моделите на Jaguar, вклучувајќи го и гореспоменатиот F-Pace, може да се купат само од продавачи.

На 2 декември, Jaguar ќе го претстави концептниот автомобил кој ќе понуди поглед на првиот целосно електричен автомобил на марката.

Првиот нов Jaguar ќе биде GT со четири врати сличен на Porsche Taycan. Моментално е во фаза на тестирање, додека продажбата ќе започне во летото 2026 година. После тоа, Jaguar планира да произведе луксузен теренец како Bentley Bentayga, како и голем луксузен седан.

Слични содржини