Американската интернет компанија “Јаху” (Yahoo!) објави во вторникот разочарувачки резултати за првиот квартал на оваа година, и покрај зголемувањето за 8% на прометот, пренесе АФП.
Нето приходите за цитираниот квартал се симнати со 93% во споредба со истиот период 2014 година, едвај 21,1 милиони американски долари, а нето добивката по акција – со исклучок на специјалните акции, кои служат за упатување на Волстрит – е едвај 15 центи, додека аналитичарите очекуваа три пати повеќе.
Компанијата не објави засега никакво објаснување за големиот пад.
Љ.Ј.