Јаху сака да заборавиме на лозинките

од Vladimir Zorba
93 прегледи
Јаху е уште една од големите интернет компании, кои подолго време работат на иднината на лозинките. Компанијата лансира нова услуга, која ги заменува стандардните лозинки со СМС-и, соопштува интернет изданието ЦНЕТ.yha
Услугата е бесплатна, откако бара претходно активирање од профилот на корисникот. Тој треба да регистрира телефонски број.
Потоа приказот за пријавување во профилот ќе се промени и наместо поле за внесување на лозинка, ќе се појави опција „Испрати ми лозинка“. По неколку секунди, корисникот ќе добие СМС со произволно генериран код кој треба да се воведе.
Кодот ќе биде активен за одреден период на време, и ќе може да биде испратен единствено на телефонскиот број. Од една страна тоа значи поголема безбедност на сметката. Од друга страна, ако корисникот го заборавил телефонот, или тој има слаба батерија, нема да може да влезе во својот профил.
Интернет компаниите сметаат дека токму лозинките се најслабата алка во сајбер безбедноста, а притоа не се и особено практични. Тоа ги тера потрошувачите да користат една лозинка за сите свои сметки, што пак дополнително го зголемува ризикот за нив.