Јакимовски бара Уставниот суд да се изјасни за СЈО

од desk3
75 прегледи

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевче Јакимовски денеска побара Уставниот суд да ја оцени уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) чија поставеност според ГРОМ е спротивна на Уставот и Законот за судство.

Stevco_Jakimovski-11-540x338

Во оценка на работењето на СЈО, Јакимовски наведе дека „СЈО се заплеткува во сопствената импровизација, се претвора во политичка институција и прави огромна штета на државата“.

– Госпоѓо Јанева, дали сте свесни дека со вашите импровизации и заземање страна го девалвирате обвинителството, судството, а над се го изневерувате народот. Тој од вас очекуваше да застанете на страната на вистината, дали некој лаже, некој некого мести, некого злоупотребува или работи чесно? Ваквата вистина нема граѓанин во Република Македонија кој не сака да ја дознае, без оглед на политичката, верската или етничката припадност, рече на прес-конференција Јакимовски. /МИА