Јакимовски: Големиот парк во Карпош 4 ќе биде во употреба до лето

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски се обврза до почетокот на летото да го пушти во употреба најветуваниот парк во Македонија лоциран на кејот на реката Вардар во населбата Карпош 4.

Претходно, како што рече Јакимовски, ќе биде направена анализа на просторот и доколку биде утврдено дека има опасни материи кои ја загрозуваат еколошката средина ќе бидат отстранети. Покрај холтикултурното уредување, во паркот ќе биде поставена и урбана опрема, како и осветлување за да можат жителите на Карпош да го користат и во текот на ноќните часови.

– Ова е најветуваниот парк во Македонија. Но, другата година, конечно ќе го пуштиме во употреба. Во текот на зимскиот период ќе направиме еколошки елаборат и доколку има шут, смет или било какви други материи кои не треба да бидат тука и се загрозувачки за втората заштитна зона на бунарите тоа ќе го отстраниме и до почетокот на летото наредната година ќе го ставиме на располагање на граѓаните на општина Карпош. Ќе има хортикултурно уредување, ќе поставиме урбана опрема, осветлување и ќе можат граѓаните да рекреираат и да го користат во текот на ноќните периоди, најави Јакимовски.

Слични содржини