178
„Цело време зборуваме за пописот. Без да повика некој на бојкот, граѓаните не слушаат сите нас. Има предлог за електронски попис и доаѓаме во ситуација на конфузија. Граѓаните можат да го истурат гневот врз пописот и да им ги затворат вратите на попишувачите“, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за емисијата „Само вистина“.
Според него многу е реално да се одложи пописот.
„Прво да договориме кога може и како ќе се изведе, власта го тера како политички процес, а претседателот на државата требаше порано да реагира. Ова е крупно прашање и тој треба да балансира, а не сега да зборува за пописот“, рече Јакимовски.