295
„Зошто повторно правиме популизам? Ред е да ги вакцинираме сите здравствени работници. Гледам вчера една докторка вели дека од самиот почеток на ковид-кризата до денес е во ковид-центар, а нејзиниот сопруг се вакцинирал во Србија? Нели е тоа иронија? Замислете таа жена не легнала со мажот година дена. Кој е тој што ќе легне со сопруга во кревет, која што работи во ковид-центар?“, вели претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за емисијата „Само вистина“.
Според него, ние немаме за да ги вакцинираме фамилиите на докторите.
„Сериозна држава вакцинира војска, полиција, витални државни органи. Сега ова што го правиме е поради притисок на јавноста“, смета Јакимовски.