Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ќе продолжи со проектот за зголемување на безбедноста во зградите со менување и реконструирање на дотраените лифтови.
Јакимовски потсети дека во периодот од 2013 до 2017 година се заменети и реконструирани 34 лифтови и во исто време најави дека ќе продолжи таму каде што застана пред четири години при што ќе бидат опфатени сите згради изградени пред 1990 година.
– Од 2013 година до 2017 година заменивме и реконструиравме 34 лифтови. За тоа издвоивме некаде околу 400 илјади евра. Ќе продолжиме и понатаму, заедно со граѓаните на Карпош да ги реконструираме и заменуваме лифтовите во сите згради изградени пред 1990 година. Со тоа сакаме да ја подобриме безбедноста на сите граѓани кои што живеат тука во општина Карпош, најави Јакимовски.