Јакимовски најави термички фасади за сите згради во Карпош

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави продолжение на проектот „фасади за сите згради во општина Карпош“. Јакимовски се обврза да издвои од општинската каса 12 милиони евра за да обезбеди термички фасади за осумдесетина згради во општината.

– Продолжуваме со реконструкција на фасадите во општина Карпош. НИ останаа уште осумдесетина згради изградени пред 1990 година. Обврска на граѓаните ќе биде да ги заменат прозорите, а наша задача е да ги реконструираме фасадите. Односно да поставиме нови, термички фасади. Оваа зграда на Никола Тесла бр. 18 ќе биде меѓу првите реконструирани фасади, а за оваа намена ќе издвоиме од општинскиот буџет некаде околу 12 милиони евра и со тоа ќе ги покриеме сите обврски. Карпош мора да блеска, Карпош мора да има ново руво, најави Јакимовски.

Слични содржини