Подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е важно за македонските граѓани, нагласува претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ и актуелен градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Неговата реакција доаѓа, како што се наведува во соопштението од ГРОМ, по информациите од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека нечиј штаб поставувал услови и одбивал да учествува на дебати на кои ќе учествуваат претседателските кандидати Билјана Ванковска заради нејзиниот наратив и Јакимовски заради ставањето на црна листа.
Претходно, од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Пендаровски денеска на брифинг со новинарите информираа дека сите штабови дале начелна согласност за идејата, но сè уште се усогласуваат некои технички детали. Исто така, потврдено е дека нема да има исклучување на кандидати од дебатата, без оглед на барањата од некои кандидати за изземање на своите ривали.
-Како кандидат за претседател, како политичар, но пред се како човек, подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е важно за македонските граѓани и македонската држава. Тоа што некој кандидат и нечиј штаб имале проблем да се соочат со мене на мастер дебатата, само говори за нивниот страв да се соочат со своето незнање и страв од соочување со вистината, која за некого може да биде многу тешка и болна, вели Јакимовски посочувајќи дека
Од штабот на Пендаровски претходно појаснија дека тој ги кани неговите шестмина противкандидати на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април