Јакимовски: Премиерот и претседателот мора да се возат во блиндирани возила, не може да направиме исти глупости како со Глигоров

„Mакедонци, баравте држава и ја добивте. Таа пара кошта, ќе си платите ако сакате држава. Премиер ќе се вози во „шкода супер Б“? Смешна работа, што глумиме? Како со Киро Глигоров ќе направиме исти глупости - го дигнаа во воздух, па после ќе купуваме блиндирани возила?“, рече Јакимовски

од Nikola Popovski
199 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателот на ГРОМ и екс-градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски оценува дека државниот врв во земјата мора да се вози со адекватни службени и блиндирани возила.

-Mакедонци, баравте држава и ја добивте. Таа пара кошта, ќе си платите ако сакате држава. Премиер ќе се вози во „шкода супер Б“? Смешна работа, што глумиме? Како со Киро Глигоров ќе направиме исти глупости – го дигнаа во воздух, па после купуваме блиндирани возила? Се знае, премиерот, претседателот на државата и министерот за внатрешни работи мора да ги возат во блиндирани возила. И тоа возила со највисок степен на активна и пасивна безбедност, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ потенцира дека државата не треба ни да размислува за нови амбулантни возила туку „колку треба пари, нека се одвојат“.

-Не можеме да си дозволиме да имаме само 8 оперативни возила. Тоа кажува колку шутраци сме? Па, сега ако удриш колку исправни имаме противпожарни возила, инкубатори, машини во делот на здравството…Тоа е тотална неодговорност, рече Јакимовски во поткастот „Тешки муабети“.