Јакимовски: Русија не е против членството на Украина во ЕУ

од Nikola Popovski
365 прегледи

Тоа што е барање за преуредување на Уставот на Украина, Зеленски требаше да го разгледа. Русија не е против членството на Украина во ЕУ, туку само против присуството на голема земја членка на НАТО до неа. Норвешка е до неа, но таа не е голема како Украина. Се случи страшна војна. Требаше да се превенира, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

-Не може цело време европската дипломатија да биде импотентна. Ова ќе трае и нема брзо да се среди. Многу страдања ќе има. Можна е верижна реакција, додава Јакимовски.

Според него, ова е геополитички проблем.

-Украина не е фактор во случајов. Мора да седнат големите сили на чело со САД и зедно со Русија да го решат проблемот, потенцира Јакимовски, додавајќи дека не може да се нема чувство да се види погледот на Русија кон целата ситуација.

Слични содржини