Јакимовски: Само САД ни е пријател во преговорите со Бугарија

од Nikola Popovski
242 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека не сака да има добри односи со Бугарија.

-Затоа што цело време не омаловажуваат, деградираат, исмеваат, не уценуваат и поради тоа не сакам добри односи со таков сосед, додека се однесува така. Ако ние поставиме такви услови сосема поинаку ќе биде и со други барања ќе дојдат овие од ЕУ. Тоа значи многу барања. Кој фактор ни е Урсула Фон Дер Лајен кога утре ќе си отиде? Што сега ви гарантира Хавиер Солана? Ние не можеме да веруваме на хартија, а не па на нив. Што имаме обврска, нека биде на хартија. Кога ние го менувавме името и прифативме се од Преспанскиот договор, некој викаше „all inclusive“ сме, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, имаме нов проблем, во кој што не притискаат.

-Мораме да останеме цврсти и да не потклекнеме во делот на идентитетот, нема каде да одат и мора да не прифатат вака. Не смееме да отвориме преговори додека не ги расчистиме сите работи со Бугарија. Засега наш најголем пријател во овие преговори со Бугарија е само САД. На Европа не може да и се верува, оценува Јакимовски.

Слични содржини