По мојата вчерашна објава дека ЈП Комунална хигиена Скопје ја одржува хигиената во Општина Карпош само со тројца работници, денеска раководството на јавното претпријатие наместо да ја подобри контролата и организацијата на работата на нивните работници, испрати четворица комунални инспектори кои и забранија на службата на општина Карпош за одржување на хигиена да го фрла сметот во нивните контејнери, информира попладнево градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Тој денес повторно побара од ЈП Комунална хигиена Скопје да почнат да си ја работат работата за која земаат народни пари, како што вели.
-Наместо раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје да си преземе мерки кон нивните вработени и да проверат дали и колку работат тие вчера ни пратија четири нивни комунални инспектори со цел да ги оневозможуваат нашите вработени кои ја одржуваат хигиената. Иако ние им помагаме нив, побараа сметот и хартијата што ја собираме да не ја фрламе во нивните контејнери. Не може од 24 илјади домаќинства во општина Карпош кои што плаќаат на територија на општина Карпош и каде што е највисока наплатата од целиот град, да имаат вкупно тројца работници и четворица инспектори. Нашата работа никој не ја работи, но во исто време немам намера да ја работам нивната работа. Секој за што зема народни пари треба да си ја работи својата работа. И наместо да се засрамат и да ја подобрат организацијата и контролата на работата тие се служат со рамни работи, посочува Јакимовски, додавајќи дека „со ова тие јасно покажуваат како сакаат да практикуваат власт овде во општина Карпош, но морам да ги предупредам дека ќе наидат на сериозен отпор!“.