Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во „Само вистина“ остро го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, лажните ветувања поврзани со преговарачката рамка со Европската Унија.
„ВМРО-ДПМНЕ сноси одговорност за лагата дека тоа ќе го смени, односно дека ќе го репреговара. Никој не ги терал со сила да лажат. Можеле во кампања да кажат, видете таа работа е завршена, овие од СДСМ ја бетонираа, ние тука не можеме ништо“, изјави Јакимовски. Тој додаде дека секој обид за враќање на старото име на државата би донел санкции. Во емисијата гостуваше и лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој посочи дека малите политички партии често имаат добри идеи и кадри, но недостигот од политичка моќ ги спречува да влијаат на одлуките.
„Десетина проекти сум доставил до парламентот, не ги прифаќа никој – ниту коалициониот партнер, ниту опозицијата“, рече Трајанов, додавајќи дека одбивањето на добри иницијативи понекогаш се должи на политичко ривалство.