Јакната на Хан Соло продадена на аукција

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Јакната што херојот на Харисон Форд ја носеше во последната серија на “Војна на ѕвездите”, беше продадена на онлајн аукција за над 190 000 илјади американски долари.4762007

Харисон Форд одлучи да им помогне на две добротворни организации блиски до неговото срце без дури да се очекува дека јакната може да чини толку многу во почетокот на аукцијата. Сумата ќе биде дистрибуирана меѓу њујоршкиот медицински центар и фондацијата, која ги финансира студиите за третман на епилепсија.

25-годишната ќерка на актерот Џорџија исто така страда од епилепсија и се лекува во болница во Њујорк.