Јанакиески: Општините да се подготват за нови врнежи

од Vladimir Zorba
122 прегледи

 Општините да ги активираат кризните штабови во пресрет на најавениот нов бран врнежи од утре попладне, а граѓаните и компаниите да помогнат на поплавеното население со донации  преку отворената сметка на Црвениот крст и со телефонски јавувања, апелира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

pesko1-300x225

При посета на поплавените подрачја во Општина Новаци Јанакиески на средби со жителите разговараше за дополнителна помош и поддршка и најави дека ќе се донесат повеќе пумпи за да се извлече водата од дворовите.

Општините, според Јанакиески, треба да ги активираат кризните штабови и да се подготват за утрешниот ден бидејќи се очекуваат и до 30 литри дожд на метар квадратен кој ќе биде обилен.

– Треба да се подготват на истите територии како што беше и пред неколку денови. Во постојана координација сме и веднаш по повлекувањето на водата ќе сe врши дезинфекција и дезинсекција за да го заштитиме населението од заразни болести, изјави Јанакиески.

На останатиот дел од територијата на државава, додаде, состојбата се смирува, реките се повлекуваат, се намалува водостојот во браните, но важно е подготвени да го дочекаме утрешниот бран, а потоа ќе продолжиме со сите неопходни мерки што ги налага самата ситуација на терен.