Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, го повика членството на протест против лидерот на партијата Христијан Мицкоски во понеделник.
Откако Јанчев на својот Фејсбук профил напиша дека протестот има една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов објави дека ќе му направи контрапротест на градоначалникот на Кавадарци , со членови од ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.Еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе!“, напиша Пандов.
Протестот на Јанчев е зкажан пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во 19 часот.